За Нас
„Во секое цвеќе се крие радост за срцето.“
Кои сме Ние
„Украси го животот со убавината на цвеќињата.“
Вашето омилено место за цвеќиња и декорации. Со страст и посветеност, Ние ја носиме убавината на природата директно до Вас, создавајќи незаборавни моменти и простори исполнети со елеганција и хармонија.
Нашиот тим од искусни флористи и дизајнери се грижи секое Ваше посакување да биде претворено во реалност. Без разлика дали е тоа букет за специјална прилика, свадбена декорација, корпоративен настан или уредување на вашиот дом и градина, Ние сме тука да ја направиме Вашата визија совршена.
Веруваме дека цвеќињата се повеќе од само украс – тие се израз на емоции, љубов и животна радост. Затоа, користиме само најсвежи и најквалитетни цвеќиња, внимателно избрани и уредени со уметнички пристап.


Наша Мисија
Наша мисија е да донесеме насмевка на вашето лице и да го направиме секој Ваш ден поубав со магијата на цвеќињата. Доверете ни ја Вашата приказна и дозволете ни да ја украсиме со уникатност и стил.
Ви благодариме што сте дел од нашето цветно семејство!
Создаваме волшебни моменти преку уникатни и персонализирани цветни и декоративни решенија. Ние веруваме дека секој настан заслужува да биде совршен и незаборавен
Што нудиме
Бидермаер
бидермаер со вештачко и свежо цвеќе
Китенки
китенки со вештачко и свежо цвеќе
Декорација на маси
декорација со вештачко и свежо цвеќе
Декорација на невестинска маса
декорација со вештачко и свежо цвеќе
Позадина за сликање
разновидни позадини со цвеќе, балони ...
Свадбени покани
разновидни свадбени покани по ваш избор
Роденденски забави
украсување на роденденски забави со балони, цвеќиња ..

